Балкан

Вучиќ: Европскиот пат на Србија зависи од Меркел и од Макрон

Претседателот на Србија коментираше за парламентарните избори во Германија и оцени дека европскиот пат на Србија зависи од успехот на лидерите на Германија и на Франција

Andjelija Stojkovic  | 25.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Вучиќ: Европскиот пат на Србија зависи од Меркел и од Макрон АА/Архива

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека европскиот пат на Србија зависи од успехот на францускиот претседател Емануел Mакрон и на германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).

Запрашан за победата на Демохристијанската партија на Ангела Меркел во Германија на парламентарните избори, Вучиќ рече дека многу работи во Европа ќе се сменат, и оти буквално, од успехот на Ангела Меркел и на Емануел Mакрон зависи успехот на Европа и европскиот пат на Србија.

Тој додаде дека ситуацијата во светот се усложнува и оти Србија мора да работи на своите внатрешни прашања, „за да не биде никому на радар“.

Партијата на Ангела Меркел синоќа доби најголема поддршка на парламентарните избори во Германија, со што се избори за четвртиот мандат за канцелар.

Вучиќ неодамна, за време на престојот во Њујорк на Генералното собрание на ОН, најави дека францускиот претседател може да ја посети Србија во првите три месеци од 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın