Балкан

Грција: Традиционален 23. Фестивал „Ноќ на духови“

Во грчкиот град Амфиса, во спомен на една трагична љубовна приказна, традиционално се одржува Фестивалот „Ноќ на духови”, на кој на стотици учесници се маскираат во духови

Ayhan Mehmet  | 18.02.2018 - Обновена : 19.02.2018
Грција: Традиционален 23. Фестивал „Ноќ на духови“ ( Ayhan Mehmet - AA )

Greece

АМФИСА (АА) - Во грчкиот град Амфиса, во спомен на една трагична љубовна приказна, традиционално се одржува Фестивалот „Ноќ на духови”, на кој на стотици учесници се маскираат во духови, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа година, фестивалот се организира по 23. пат и претставува најколоритен фестивал во Грција, на кој учествуваат лица од сите возрасти.

Лица од различни подрачја на Грција доаѓаат да бидат дел од овој фестивал, користејќи интересни маски и костими изработени од животинска кожа.

Учесниците на фестивалот шетаа низ градот, а церемонијата заврши со палење оган на плоштадот во Амфиса.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.