Балкан

Скопје: ИВЗ организираше свечена академија по повод Муслиманската нова година

Со свечена академија којашто се одржа во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје, Исламската верска заедница на Република Македонија (ИВЗ) го одбележа доаѓањето на новата 1439 (Хиџретска) календарска година во исламот

Admir Fazlagic  | 22.09.2017 - Обновена : 23.09.2017
Скопје: ИВЗ организираше свечена академија по повод Муслиманската нова година ( Vedat Abdul/AA )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Со свечена академија којашто се одржа во Македонската опера и балет (МОБ) во Скопје, Исламската верска заедница на Република Македонија (ИВЗ) го одбележа доаѓањето на новата 1439 (Хиџретска) календарска година во исламот, која настапи во среда на 20 септември по вечерната молитва (акшам намаз), јавува Anadolu Agency (AA).

Хиџретот претставува преселба на Божјиот пратеник Мухамед од градот Мека во Медина во Саудиска Арабија.

Претставници на верскиот живот во регионот, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија и личности од политичкиот и општествениот живот присуствуваа на свеченоста каде што имаа можност да слушаат читање на делови од светата муслиманска книга Куранот и стихови на верски песни.

Поглаварот на ИВЗ во Македонија, Сулејман ефенди Реџепи во својот говор зборуваше за Хиџретот осврнувајќи се на важноста на овој настан за исламот како религија и за муслиманите како нејзини верници.

„Преселувањето или Хиџретот на пратеникот Мухамед и на муслиманите не беше бегање од страв за сопствениот живот туку едно жртвување во името на Аллах и во служба на неговата вера. Всушност хиџретот беше преселба од слабост во моќ, од песимизам во надеж за една посветла иднина за исламот", рече Реџепи во својот говор и потенцираше дека со хиџрата кај муслиманите започнува нов политички, општествен и економски поредок.

Присутната публика на вечерашната свечена академија имаше можност да ги слушне и гостите од Турција, Хафиз Ахмет Јуксел и Хафиз Алпџан Челик кои се претставија со читање на делови од Куранот, како и интерпретирање на илахии и верски песни.

Хиџра, или преселбата на Божјиот пророк Мухамед од Мека во Медина во 622. година претставува величенствен настан во муслиманската историја кој им овозможи на муслиманите да станат организирана и одговорна духовна заедница, која вредностите на исламот ги преточи во општествениот живот.

Со оглед на важноста на Хиџрата за муслиманите, сметањето на времето во исламскиот календар се одредува токму по овој настан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.