Балкан

Скопје: Продолжуваат протестите против платформата на албанските партии

По говорите на организаторите пред Собранието на Република Македонија, демонстрантите се упатија кон седиштето на СДСМ

Besar Ademi  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Скопје: Продолжуваат протестите против платформата на албанските партии

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” вечерва маршираа по улиците на Скопје против предложениот кандидат за претседател на Собранието, Талат Џафери, како и против платформата на албанските политички партии, која според нив „е подготвена од страна на официјална Тирана и има за цел да го поткопа унитарниот карактер, суверенитетот и независноста на Република Македонија”, јавува Anadolu Agency (AA).

Како и обично, демонстрантите се собраа пред Владата за да продолжат кон зградата на Собранието на Македонија, каде што организаторите во нивното обраќање нагласија дека нема да прифаќат претседател на парламентот, доколку истиот не ја одбие платформата на албанските партии.

По говорите на организаторите пред Собранието на Република Македонија, демонстрантите се упатија кон седиштето на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), по што тие мирно се разотидоа. Организаторите пред седиштето на СДСМ се спротивставија на употребата на албанскиот јазик во целата територија на Македонија, бидејќи според нив „употребата на албанскиот јазик на целата територија ќе ја води земјата кон редефинирање”.

Граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија” најави дека ќе продолжат да протестираат секој ден, се додека не се исполнат нивните барањата.

Потсетуваме дека вчера, СДСМ, Демократската унија за интеграција (ДУИ) и на Алијансата за Албанците, со потпишувањето на 20 пратеници поднесоа предлог за кандидатот на ДУИ, Талат Џафери да биде нов претседател на Собранието, но ВМРО-ДПМНЕ (Демократска партија за македонско национално единство) бара новиот кандидат кој ќе биде предложен да биде против платформата на албанските партии.

Инаку, протестите организирани од оваа иницијатива започнаа на 27 февруари оваа година, кога лидерот на СДСМ Зоран Заев поднесе пред претседателот на државата Ѓорѓе Иванов доказ за парламентарното мнозинство за формирање нова влада, додека претседателот по два дена истиот го одби, тврдејќи дека „нема да му го додели мандатот на секој еден кој преговара странски платформи со кои се загрозува македонскиот народ, се заканува унитарната држава, сувереноста и независноста”.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.