Балкан

Средба Џонсон-Вучиќ: Народите на Балканот треба да си простат едни на други поради иднината

На конференцијата за новинари, најголемо внимание му беше посветено на прашањето за Косово, а Вучиќ рече дека САД и Србија имаат различна гледишта, бидејќи САД ја призна независноста на Косово, а Србија тоа не го стори.

Andjelija Stojkovic  | 19.02.2018 - Обновена : 19.02.2018
Средба Џонсон-Вучиќ: Народите на Балканот треба да си простат едни на други поради иднината

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Сенаторот на САД, Рон Џонсон, денеска во Белград изјави дека од народите на Балканот не се бара да го заборават минатото, туку да си простат едни на други во име на иднината, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сите мораме да гледаме кон иднината. Никој нема да го заборави минатото. Но барам од сите народи во регионот да се обидат да простат за да имаат подобра иднина”, рече Џонсон по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Џонсон истакна дека секој договор и разбирање мора да има идеја за подобра иднина за сите народи кои живеат на Западниот Балкан.

Џонсон додаде дека на Приштина ќе ѝ прати порака дека „трпението и флексибилноста се фактори кои ќе помогнат да одиме напред”.

Тој додаде дека издигањето на српското знаме пред Белата куќа пред 100 години покажало дека Србија е важна за регионалниот, па и светскиот мир и дека денеска е уверен дека српскиот народ посакува мир и стабилност за сите луѓе во регионот.

Запрашан за изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров дека притисоците врз Србија да се одлучи меѓу Русија и Западот, поради поделбата на народот, ќе доведат до ситуација која доведе до украинската криза, Џонсон одговори дека народот од регионот треба да изнајде решение и дека мисли дека економските можности на сите, па дури и на Русија се во слободниот пазар кој САД го претставува.

„Историска трагедија е дека по распаѓањето на СССР, Русија не ја прифати подадената рака на Западот”, рече Џонсон.

Вучиќ рече дека со Џонсон разговарале на четири теми - билатералните односи меѓу двете држави, прашањето на нормализација на односите Белград-Приштина, евроинтеграии и регионот.

На конференцијата за новинари, најголемо внимание му беше посветено на прашањето за Косово, а Вучиќ рече дека САД и Србија имаат различна гледишта, бидејќи САД ја призна независноста на Косово, а Србија тоа не го стори.

Вучиќ рече дека Србија е отворена за разговор и подготвена за компромисни решенија, но истакна дека за компромис се потребни двајца.

„Ги замолив САД, како земја која има силно влијание врз создавањето на она што косовските Албанци и многумина други го нарекуваат косовска независност, да ни помогнат во стабилизацијата на регионот, со тоа што Албанците ќе ги замолат за пофлексибилни решенија кои ќе значат компромис”, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека Белград и Приштина мораат да донесат решение и дека важен продукт на тоа решение би била релаксација на односите меѓу Србите и Албанците на подолг период, како два најголеми народи на Балканот и дека тоа би ги спречило заминувањето на младите од двете страни.

„Да донесеме решение кое ќе биде добро за нашите деца и иднина, а притоа Србија да не биде понижена”, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека е добра веста дека САД сакаат мир и стабилност во регионот и рече дека притоа разговарале за посетата на Загреб и дека го информирал сенаторот дека во вторник ќе се состане со претставниците на семејствата на исчезнатите во Хрватска, со цел да направат конкретни чекори за, како рече, „обичните луѓе”.

Вучиќ рече дека со Џонсон разговарале за Босна и Херцеговина и дека му рекол дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на таа држава и интегритетот на Репубика Српска во рамките на БиХ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın