Балкан

Терави намаз низ градовите во регионот

Верниците од исламската вероисповед вечерва се собраа во џамиите низ балканските градови, каде го ивршија првиот верски обред со кој се означува месецот на постот Рамазан, клањањето „терави намаз”

Furkan Abdula, Malik Hasa, Sibel Vezaj  | 27.05.2017 - Обновена : 27.05.2017
Терави намаз низ градовите во регионот

Skopje

СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) – Верниците од исламската вероисповед вечерва се собраа во џамиите низ градовите во регионот, каде го ивршија првиот верски обред со кој се означува месецот на постот Рамазан, клањањето „терави намаз”, јавува Anadolu Agency (AA)

Муслиманските верници оваа молитва ја извршија во повеќе градови на Балканот, меѓу кои и во Скопје, Тирана и Приштина.

Верниците во Скопје за клањање на терави намаз како другите џамии низ Скопје ја исполнија и Мустафа пашината џамија.

Пред молитвата верниците имаа можност да слушаат препораки за светиот месец Рамазан од имамот, а оние кои не можеа да најдат место внатре во џамијата, молитвата ја извршија надвор, во дворот на џамијата.

Исто така и муслиманските верници во Тирана ја извршија првата молитва со која се означува почетокот на месецот Рамазан. Голем број на верници беа присутни во џамијата Етем Бег и џамијата Нов Пазар во Тирана.

Во Приштина светиот месец за верниците муслимани, Рамазан, беше пречекан со голема радост и со извршување на верскиот обред „терави намаз".

Џамијата Фатих Султан Мехмет во главниот град на Косово беше преполна со верници кои присуствуваа на првата рамазанска молитва.

Инаку, зборот „теравија" значи одмор или пауза, а овој верски обред се извршува секоја вечер за време на месецот на постот. Откако вечерва ќе се изврши првата теравија, која го означува и првиот сехур (оброк пред почетокот на целодневниот пост), верницитете од исламска вероисповед од утре ќе почнат со постење на месец Рамазан, кој во согласност со исламскиот календар ќе трае 29 дена.

Последниот ден од месец Рамазан е 24 јуни, а првиот ден на Рамазан Бајрам ќе се одбележи на 25 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın