Балкан

„Финансирањето на граѓанскиот сектор е важно за програмите против ХИВ"

„Како во другите министерства, така и во Министерството за труд и социјална политика, што ќе ги поддржат граѓанските организации во програмите за ресоцијализација, рехабилитација, заштитата на деца коишто употребуваат дроги“, истакна Царовска

Shpetim Hiseni  | 26.09.2017 - Обновена : 27.09.2017
„Финансирањето на граѓанскиот сектор е важно за програмите против ХИВ" (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - На 30-годишнината од регистрирањето на првиот случај на вирусот ХИВ во Македонија, здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, организираше конференција за модели за финансирање на програмите за превенција од ХИВ и намалување на штетните последици од употребата на дроги, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа година се одбележува и 20-годишнината од основањето на првата програма за намалување на штетните последици од употребата на дроги во Македонија, отворена од страна на ХОПС, од каде што истакнаа дека Македонија има најниска стапка на ширење на ХИВ во регионот на југоисточна Европа.

Извршниот директор на здружението ХОПС, Христијан Јанкуловски, нагласи дека финансирањето на програмите за превенција и третман на ХИВ од страна на Глобалниот фонд во Македонија, што продолжува веќе 13 години, завршува оваа година, поради што, како што рече тој, Македонија е земја со ниска стапка на вирусот и средно низок економски развој.

„Предизвиците што остануваат сега е кој модел Македонија ќе го примени во издвавањето средства од националниот буџет кон граѓанските организации. Веруваме дека нашите гости од Хрватска и од Чешка ќе ни ги пренесат искуствата како се финансираат граѓанските организации на полето за превенција од ХИВ/СИДА во нивните земји, за Македонија продолжи и понатаму да остане земја со најниска стапка на ХИВ во земјите од регионот на југоисточна Европа“, рече Јанкуловски.

Од друга стана, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека Владата на Македонија се залага за продолжување на поддршката на овие програми и рече дека е потребно да се изнајдат соодветни модели за финансирање.

„Како во другите министерства, така и во Министерството за труд и социјална политика, што ќе ги поддржат граѓанските организации во програмите за ресоцијализација, рехабилитација, заштитата на деца коишто употребуваат дроги“, истакна министерката Царовска.

Заменик-министерот за здравство на Македонија, Гоце Чакаровски, нагласи дека е отворен дијалог со сите невладини организации кои се занимаваат со ова прашање, и додаде дека се подготвени и понатаму да го продолжат овој дијалог. Тој вели дека финансирањето на ваквите програми е од особено значење и вети дека ќе го поддржат граѓанскиот сектор.

На 5 септември оваа година, Владата на Македонија усвои одлука со којашто во 2018 година се обезбедуваат 103 милиони денари од националниот буџет за превенција и третман на вирусот. Но, од ХОПС велат дека сѐ уште остануваат предизвиците за изнаоѓање механизам за финансирање на граѓанските организации.

Според евиденцијата во Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ), во периодот 1987 – 2016 година, односно во последните три децении, вкупно се регистрирани 311 лица кои живеат со ХИВ/СИДА. 

Податоците покажуваат дека од вкупно 311 лица лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 258 лица се од машки пол, а 53 лица се од женски пол.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.