економија

„Airbus“ продаде 430 авиони на компанијата „Indigo“ за 49,5 милијарди долари

Договорот за продажба е објавен во рамките на Саемот за воздухопловство (Air Show) во Дубаи, а „Indigo“ ќе купи 273 авиони „A320neo“ и 157 авиони од типот „A321neo“

Ekipa  | 15.11.2017 - Обновена : 15.11.2017
„Airbus“ продаде 430 авиони на компанијата „Indigo“ за 49,5 милијарди долари

Dubai

ДУБАИ (АА) - Управата на компанијата „Airbus“ (Ербас) утринава соопшти дека на американскиот авиопревозник „Indigo Partners“ (Индиго партнерс) ќе му продаде 430 авиони во вредност од 49,5 милијарди долари, што ќе биде рекордна продажба на тој произведувач, јавува Anadolu Agency (AA).

Договорот за продажба е објавен во рамките на Саемот за воздухопловство (Air Show) во Дубаи, а „Indigo“ ќе купи 273 авиони „A320neo“ и 157 авиони од типот „A321neo“.

Цената на еден авион „A320neo“ изнесува 108,4 милиони долари, а „A321neo“ чини 127 милиони долари, но произведувачите воглавно им нудат попуст на компаниите што купуваат поголем број летала.

Челник на компанијата „Indigo Partners“ на е Вилијам Франке, кој се смета за пионер на нискобуџетните авиопревозници, кои се сѐ попопуларни на пазарот.

Досегашната рекордна продажба на „Airbus“ беше реализирана пред две години, кога индиска компанија купи 250 авиони „A320neo“ во вредност од 26 милијарди долари.

Во рамките на Саемот во Дубаи, во неделата, компанијата „Emirates“ (Емирати) соопшти дека склучила договор за купување на 40 авиони „Boing 787- 10Dreamliners“, за 15,1 милијарда долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın