економија

Заев: Со приватниот сектор да го забрзаме економскиот раст

Нашата цел е да создадеме услови за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор за да го забрзаме економскиот раст“, рече Заев

Bekim Laci  | 15.11.2017 - Обновена : 16.11.2017
Заев: Со приватниот сектор да го забрзаме економскиот раст (Foto: Vedat Abdul/AA )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, во Скопје се одржа традиционалниот годишен настан за доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики, јавува Anadolu Agency (AA).

Наградата за најдобрите општествено одговорни практики се доделува 10 години по ред, период во кој 173 претпријатија доставија 540 добри општествено одговорни практики, со што претпријатијата ја докажаа својата посветеност за создавање позитивно влијание во општеството и во општествената средина во целина. 

На денешната манифестација беше присутен премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој од своја гледна точка за компаниите рече дека тие задолжително треба да произведуваат добри услуги ако сакаат да ги задржат клиентите, добро да ги третираат вработените за тие да не ја напуштат компанијата, и да нанесуваат штета на животната стредина, бидејќи во тој случај ќе се соочат со гневот на јавноста.

Заев истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на целите за одржлив развој на Обединетите нации (ОН) до 2030 година, кои се тесно поврзани со општествената одговорност, а истовремено се дел од владината програма.

„Го отвораме процесот на покачување на платите. Го направивме првиот чекор со зголемување на минималната плата и притоа значително внимание посветуваме на стабилноста на бизнисите, едното без другото не е возможно. Инсистираме на пораст на платите како еден од двигателите на економскиот раст. Нашата цел е да создадеме услови за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор за да го забрзаме економскиот раст“, рече Заев, и додаде дека нивната упорност за зголемување на платите има за цел да ги задржи во земјата мудрите и креативните луѓе, за да не бараат спас во странство.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека во последните десет години, наградени се вкупно 252 добри општествено одговорни практики во пет различни области, а оваа година конкурирале 25 претпријатија, со вкупно 34 проекти, од кои 10 мали и средни претпријатија, а 15 големи.

„Само за компаниите што на транспарентен и типичен начин на работа докажуваат дека нивната цел не е само бенефит, туку и заштита на животната средина и унапредување на општествената благосостојба, со што придонесуваат за одржлив развој и просперитет во општеството, можеме да кажеме дека имаме компании со општествена одговорност, а од нашата држава да направиме едно добро место за живеење“, пренесе Бектеши.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека реалноста во Македонија не е розова. Сепак, таа нагласи дека министерството е посветено на тоа да го врати достоинството на вработените, и додаде дека поради овие причини го усвоиле Законот за минималната плата и за стечајците.

Таа обраќајќи се до претставниците на компаниите присутни на настанот, нагласи дека почитувањето на човековите права е еден од основите на владата, за што побара од компаниите да ги почитуваат вработените бидејќи, како што рече таа, постигнувањето одржливо општество е клучот на успехот на секое општество.

Претседателот на делегацијата на Европската Унија (ЕУ), Самуел Жбогар, во своето обраќање пренесе дека најдобрите општествено одговорни практики вклучени во стратегијата „Европа 2020“, спаѓаат во групата на инклузивни и одржливи практики.

Во ЕУ, рече Жбогар, во пораст е бројот на компаниите што работат со општествена одговорност, и додаде дека ова не е резултат на законите, туку на желбата на компаниите да ги почитуваат потребите на граѓаните, надминувајќи го законот. Затоа, тој упати честитики до добитниците на наградите за нивното општествено одговорно работење.

Што се однесува до апликациите што стигнаа во Министерството за економија за наградите во 2017 година, од вкупниот број, 32 отсто биле за категоријата „Придонес во општеството“, 26 отсто во категоријата „Односи со вработените“, 21 отсто „Животна средина“, 15 отсто во „Односи со пазарот“, како и 6 отсто во категоријата „Етничко управување“.

Најголемиот број од апликантите се од секторот услуга, по коишто следуваат ИТ-секторот, финансискиот сектор, прехранбената индустрија, индустријатаpametna за преработка на метали, од градежниот сектор, како и до секторот за текстил.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.