економија

Обидот за државен удар на ФЕТО го погоди и туризмот во Македонија

Според податоците од туристичките компании во земјата, забележан е пад од 40 отсто на бројот на турските туристи во Македонија во периодот по 15. јули, во споредба со истиот период пред една година

Ekip  | 16.02.2017 - Обновена : 17.02.2017
Обидот за државен удар на ФЕТО го погоди и туризмот во Македонија

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Обидот за државен удар во Турција од 15. јули, од страна на терористичката организација ФЕТО, има негативно влијание и врз туристичкиот сектор во Македонија, земјата во која спомениците од османлискиот период, будат интерес кај туристите од Турција во секое време од годината.

Според податоците обезбедени од страна на туристичките компании што работат во Македонија, по 15. јули, голем број турски туристи ги откажале своите резервации, а повеќе конвенции и конференции биле исто така откажани од страна на организаторите.

Македонија, минатата година ја посетија повеќе од 500 илјади туристи, а покрај главниот град, Скопје, каде што има значајни османлиски споменици, има и атрактивни туристичи дестинации, како градот Охрид, познат по своите природни и историски убавини.

Областа Румелија, каде што османлиската држава беше присутна речиси шест века, го привлекува интересот на турските туристи во секое време од годината. Турските туристи кои сакаат да ги посетат земјите на своите предци, во туристичките програми ја вклучуваат и Македонија, позната по своите историски џамии, мостови, анови, амами и фонтани.

Меѓутоа, поради условите создадени по обидот за државен удар во Турција на 15. јули, од страна на ФЕТО, бројот на турските туристи кои ја посетуваат Македонија е значително намален. Според податоците од туристичките компании во земјата, забележан е пад од 40 отсто на бројот на турските туристи во Македонија во периодот по 15. јули, во споредба со истиот период пред една година.

Одговорните лица од туристичките компании велат дека резервациите направени за периодот по 15. јули биле откажани, а неколку конгреси и конференции организирани од турски организатори, исто така биле отстранети од дневниот ред.

Тие истакнуваат дека и покрај сите случувања, сепак имаат големи очекувања од новата сезона, и изразија уверување дека со продолжувањето на борбата против ФЕТО во Македонија и во другите земји, покрај онаа во Турција, ќе заживее и туризмот и дека по референдумот во Турција, турските туристи ќе почнат повторно да доаѓаат во Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın