економија

Стапката на вработеност во Велика Британија на рекордно високо ниво

Британскиот завод за национална статистика (ONS) објави дека стапката на вработеност достигнала 74,6 отсто во последните три месеци. Ова е највисока бројка од 1971 година

Ahmet Gürhan Kartal  | 15.02.2017 - Обновена : 15.02.2017
Стапката на вработеност во Велика Британија на рекордно високо ниво

London

ЛОНДОН (АА) - Официјалните податоци објавени денес говорат дека британската стапка на вработеност е на рекордно високо ниво во пресрет на почетокот на преговорите за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).

Британскиот завод за национална статистика (ONS) објави дека стапката на вработеност достигнала 74,6 отсто во последните три месеци. Ова е највисока бројка од 1971 година.

Од заводот се истакнува дека над 300.000 луѓе се во работен однос во споредба со истиот период минатата година, а застапеноста на жените во работата е на рекорно ниво од 70 проценти.

Најновите статистички податоци исто така покажуваат дека стапката на невработеноста продолжува да паѓа во последните 11 години за 4,8 отсто, за 900.000 лица помалку од 2010 година.

Британскиот државен секретар за работа и пензии, Дамјан Грин, истакна дека земјата според најновите податоци ја задржува силната позиција.

„Нашите тековни реформи ќе продолжат да ја стимулираат работата и бидете сигурни дека системот е фер за сите оние кои имаат потреба од него и кои плаќаат за тоа“, рече Грин.

Во соопштението на владата се вели дека оние што работат со полно работно време продолжуваат да водат во зголемувањето на стапката на вработеноста, која расте за 218.000 работници годишно, што значи дека повеќе луѓе уживаат во сигурноста на редовната плата".

Владата објави дека бројот на невработени лица кои добиваат бенефиции од државата во првиот квартал е намален на 42.000, поточно за 2,1 отсто, што е најниска бројка од 1974 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.