Турција, економија

Турција оствари двојно поголем економски раст од ЕУ

Турската економија во првиот квартал од оваа година оствари раст од 5,2 отсто, а тој тренд на раст го продолжи и во вториот квартал, со остварени 5,1 отсто раст на БДП во однос на истиот период лани

?kipa  | 11.09.2017 - Обновена : 12.09.2017
Турција оствари двојно поголем економски раст од ЕУ АА/Архива

Ankara

АНКАРА (АА) - Економијата на Република Турција во вториот квартал од оваа година оствари раст од 5,1 отсто, што е повеќе од двојно поголем раст од оној што заедно го остварија 28 членки на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Евростат и на Турскиот завод за статистика (TUIK), турската економија во првиот квартал од оваа година оствари раст од 5,2 отсто, а тој тренд на раст го продолжи и во вториот квартал, со остварени 5,1 отсто раст на бруто националниот производ во однос на истиот период минатата година.

Според тоа, Турција значително е поуспешна од поголемиот дел од европските земји и од ЕУ како целина.

ЕУ во првиот квартал од оваа година оствари економски раст од 2,1 а во вториот квартал 2,4 отсто.

Романија со економски раст од 5,7 отсто е најуспешна членка на ЕУ во вториот квартал на годината, а следуваат Естонија и Словенија со економски раст од 5,2 отсто.

Турција е четврта земја во Европа според остварениот економски раст во вториот квартал, во кој Холандија оствари економски раст од 3,8 отсто. Германија 2,1 отсто, а Франција и Велика Британија по 1,7 отсто.

Табеларниот приказ на економскиот раст на земјите во вториот квартал од годината изгледа вака:

ДржаваПроцент на раст во вториот квартал од 2017
Романија5,7
Естонија5,2
Словенија5,2
Турција5,1
Летонија4,8
Чешка4,7
Полска4,4
Литванија4
Шведска3,9
Холандија3,8
Бугарија3,6
J.Кипар3,5
Унгарија3,5
Хрватска3,4
Шпанија3,1
Словачка3,1
Финска3
Австрија2,9
Португалија2,9
Данска2,7
Германија2,1
Франција1,7
Велика Британија1,7
Белгија1,5
Италија1,5
Грција0,8
Ирска-
Луксембург-
Малта-
ЕЗ 19 (еврозона) 2,3
ЕУ 282,4
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın