живот

Американец магнет: На главата му се лепат метални и пластични предмети

Џејми во 2015 години влезе во Гинисовата книга на рекордите за носење најголем број лименки на главата

Bilgin S. Şaşmaz  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
Американец магнет: На главата му се лепат метални и пластични предмети

Chikago

ЧИКАГО (АА) - Американецот Џејми Китон е еден од ретките луѓе кои со телото можат да привлечат шишиња, лименки, телефони и други предмети изработени од метал и од пластика, пишува Anadolu Agency (AA).

Уште како седумгодишно момче тој открил дека се разликува од другите деца, бидејќи играчките му се лепеле за рацете.

По многубројните тестови, на возраст од 21 година ја сфатил предноста на овој феномен, кој почнал да му носи заработка.

Од тогаш до денес, тој има настапи во многу земји. Влезе во Гинисовата книга на рекордите во 2015 година, за носење најголем број лименки на главата.

Џејми вели дека на главата може да привлече секаков вид предмети. Неговата нормална телесна температура е 38 степени и поретко се разболува од своите познаници.

Тој има направено голем број тестови, а лекарите објаснуваат дека неговите пори се однесуваат како гумени пипки кои вшмукуваат разни предмети.

Џејми вели дека тој е еден од ретките луѓе во светот што ја имаат оваа способност. Исто така, објасни дека во исто време е единствената личност што може да ја контролира таа дарба.

„Уште кога имав седум години, играчките ми се лепеа за раце. На почетокот ми беше тешко да се ослободам од предметите што се лепат за мене. Но, со текот на времето почнав да го контролирам овој феномен“, вели Китон.

Тој кај лекарот во ординацијата дошол на преглед со конзерва на главата.

„Изненаден, тој ме праша како сум го сторил тоа“, се сеќава Китон.

Џејми истакнува дека старее многу побавно во споредба со другите луѓе.

„Мојата телесна температура е 38 степени и не ми е ладно. Имам силен имунолошки систем и затоа тешко настинувам, а лесно оздравувам. Спијам 3 до 4 часа“, вели Китон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.