свет, живот

Дар ес Салам, африканскиот град на мирот

Градот, кој на почетокот бил главен град на германската источно-африканска колонија, а потоа на англиската колонија, по независноста во 1964 година 32 години остана како главен град на Обединетата Република Танзанија

Tufan Aktaş  | 13.05.2017 - Обновена : 14.05.2017
Дар ес Салам, африканскиот град на мирот Tufan Aktaş/AA

Dar es Salaam

ДАР ЕС САЛАМ (АА) - Дар ес Салам е град во Источна Африка каде, како што говори и самото име, милиони луѓе од различни религии и култури живеат во мир, пишува Anadolu Agency (AA).

Овој град бил основан како гратче на брегот на Индискиот Океан пред околу 150 години, денешното население на Дар ес Салам брои 4,5 милиони жители и поседува природно пристаниште, со туризам и трговски живот.

Градот, кој на почетокот бил главен град на германската источно-африканска колонија, а потоа на англиската колонија, по независноста во 1964 година 32 години остана како главен град на Обединетата Република Танзанија.

Дар ес Салам, кој е познат и под името Мзизима, се стекна со слава и значајност со називот Дар ес Салам кога синот на султанот на Занзибар Сејид Саид, султанот Сејид Маџид, во 1862 година изградил една палата и други згради.

Градот го добил името од композитот „daru’s-selam“, кој во Куранот се употребува за рајот и значи „место на мирот“.

- Мнозинството на населението се муслимани -

Поголемиот дел на населението во градот го сочинуваат муслимани, а дел од населението се од локалните религии, во градот живеат и голем број христијани. 

Арапите и Индијците кои пред многу векови дошле во овој регион поради трговија, се значаен дел на овој град, кои се многу оддалечени од своите корени, така што новите генерации на Индијци кои зборуваат свахилиски јазик не знаат ништо за своето потекло и местото од каде што потекнуваат.

- Градот има поволна местоположба за трговија -

Дар ес Салам има едно од најголемите природни пристаништа во Источна Африка, со чија местоположба поседува поволна предност во однос на трговијата, од кадешто се пренесува стока во земјите како Руанда, Бурунди и Конго.

Владата сака да ја зголеми активноста на пристаништето со постигнување меѓусебен договор, и со градење нови патишта и железници има цел да го претвори градот во еден голем трговски центар на Источна Африка.

Деведесет отсто од товарниот сообраќај се врши преку пристаништето во Дар ес Салам, кој е едно од трите пристаништа на Танзанија.

Пристаништето, кое воедно е и четвртото најголемо пристаниште во Африка, излегува на Индискиот Океан, а по пристаништата во Дурбан, Момбаса и Мапуто, претставува една голема врата за транспортирање на стоките како внатре во земјата, така и во соседните земји.

- Метробусот, решение за проблемот со сообраќајот -

Стотици, илјадници туристи секоја година го посетуваат градот со природни убавини. Градот поседува дестинации и за оние кои сакаат да одат на плажа, природни паркови како и да ги посетуваат другите градови.

Масаки е најчесто бираното место за преноќување и одмор од страна на туристите кои доаѓаат во Дар ес Салам, кој има топла и влажна клима.

Еден од проблемите на градот во кој многу луѓе мигрираат и доаѓаат за бизнис, е густиот сообраќај, кој главно е предизвикан од недостатокот на инфраструктура.

Во центарот и периферијата на градот често може да се забележат користени возила донесени од Јапонија.

За малку да се реши проблемот со сообраќајот каде се вози на левата страна како резултат на долгогодишната англиска колонијализација, се користат метробуските линии кои ги поврзуваат значајните точки на Дар ес Салам, како Поста и Кариакоо.

- Кариакоо, центарот на трговијата во Дар ес Салам -

Кариакоо е центарот на трговијата на Дар ес Салам, каде стотици продавачи кои сакаат да ја изложат својата стока, продаваат различни продукти, од облека до електроника, во продавници или на тезги.

Еден друг центар на трговијата во градот е подрачјето Поста. Ова подрачје е обиколено со згради изградени пред 1950 година, каде што поголемиот дел од занаетчиите го сочинууваат муслиманите со индиско потекло.

- Масаите, чуварите на градот -

Племето Масаи, кој живее на периферијата, се грижи за безбедноста на трговските центри и на хотелите. Тие се меѓу оние кои дошле во Дар ес Салам за да ги користат благодатите на овој град.

Масаите се интегрирани во животот на градот без да се откажат од нивната традиционална облека, додека поради нивниот борбен карактер и нивната поверливост тие се избраат за безбедносни службеници.

- Сиромаштијата зад зградите -

Колку градот да личи на модерен град, внимание привлекува сиромаштијата зад големите згради кои секојдневно се градат.

Во сиромашните квартови каде што престојуваат работниците, луѓето се борат за опстанок. 60-годишната Пили Мфауме Мухандо, која работи на еден од пазарите за овошје, е една од овие луѓе.

Мухандо за АА истакна дека покрај нејзините години, таа обезбедува средства за живот продавајќи овошје кое секое утро го купува од земјоделците.

Таа раскажа дека нејзиниот сопруг починал пред 10 години и дека има четири деца. „Имам едно дете кое е на универитет. Мојата единствена грижа е да го школувам него“, вели Мухандо за АА.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın