живот

Египет: 60-годишна жена таксист ја продолжува семејната традиција

Шеесетгодишната Умму Велид, која од млади години е пред воланот, со децении ги носи патниците со своето бело такси низ улиците на Каиро

Ekipa  | 12.07.2017 - Обновена : 13.07.2017
Египет: 60-годишна жена таксист ја продолжува семејната традиција Ahmed Al Sayed/АА

Kairo

КАИРО (АА) - ФИКРИ АБДИН - Египќанката Умму Велид веќе 38 години со љубов ја продолжува професијата на татка си како таксист, а со оваа дејност почна да се занимава од 1979 година.

Шеесетгодишната Умму Велид, која од млади години е пред воланот, со децении ги носи патниците со своето бело такси низ улиците на Каиро.

Умму Велид не го користи своето вистинско име, почитувајќи ја традицијата на арапската култура каде што мајките се нарекуваат себеси по името на своите деца, и во спомен на починатиот син е позната како „Мајката на Велид“.

На оние што ја прашуваат за нејзиното име, Умму Велид им одговара на овој начин, а и меѓу таксистите и еснафот е позната по ова име.

Шеесетгодишната Египќанка во разговор со Anadolu Agency (AA) раскажа дека нејзиниот татко бил таксист, и дека исто така и таа во 1979 година почнала да ја работи оваа дејност за да даде поддршка во нејзиното семејство пред да се омажи.

Исто така, Умму Велид истакна дека откако се омажила, извесно време паузирала од работата, но потоа се вратила во својата професија. „Имам три ќерки. Трите се омажени. Мојот син Велид рано се збогуваше со нас. Мојот син пред околу 10 години дипломираше на Факултетот за комуникации при Универзитетот на Каиро. Почна да работи во еден приватен весник, но четири години по дипломирањето почина. Бев принудена да се вратам на мојата професија“, истакна таа.

Иако работам машка професија, моите клиенти ме почитуваат“, вели Умму Велид, истакнувајќи дека оваа професија е повеќе за мажи, и дека понекогаш луѓето се чудат, а понекогаш го ценат тоа.

Умму Велид се осврна и на тешкотиите на професијата, и додаде:

„Една вечер, пред неколку години се качија тројца млади во моето такси. Кога пристигнавме на местото каде што тие требаше да се симнат, еден од нив ме нападна, ме принуди да излезам од колата и ми го побара клучот. Другиот извади нож. Ме повредија, но се спасив од нив. Еднаш еден од клиентите ме покани да пиеме пиво во хотел. Јас му реков добро, застанав пред најблиската полициска станица и го предадов на полицијата“.

Умму Велид истакна дека покрај тешкотиите, веќе 38 години со љубов ја работи својата професија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın