живот

Олимпијката Мухамед инспирација за Барби кукла со хиџаб

Куклата е дел од линијата „Shero“ (Шеро), а направена е според моделот на американската претставничка во мечување

Ayşe Aktaş  | 14.11.2017 - Обновена : 15.11.2017
Олимпијката Мухамед инспирација за Барби кукла со хиџаб

New York

ЊУЈОРК (АА) - Американската компанија „Mattel“ (Мател) ќе произведува Барби кукла инспирирана од Ибтихаџ Мухамед, олимпијката со хиџаб, јавува Anadolu Agency (AA).

„Mattel“ најави дека првата Барби кукла со хиџаб ќе се најде на полиците веќе наредната година.

Куклата е дел од линијата „Shero“ (Шеро), а направена е според моделот на американската претставничка во мечување.

Мухамед присуствуваше на доделувањето на наградата „Жени на годината“ организирана од страна на „Glamour“ (Гламур) и изјави дека повеќепати како спортистка со хиџаб се чувствувала отфрлено.

Таа е воедно и прва спортистка со хиџаб што ги претставуваше САД на Олимпијадата.

„Тоа што една глобална компанија, каква што е „Mattel“, ја проширува својата серија со кукла што носи хиџаб, кај мене предизвикува емоции“, изјави Мухамед.

Таа изјави дека нозете поради кои била отфрлувана како дете, ѝ донеле олимписки медал. Поради тоа, од компанијата барала нозете да ѝ бидат подебели и атлетски.

„Горда сум што знам дека девојчињата ќе можат да си играат со Барби куклата со хиџаб. Мојот сон од детството е остварен“, напиша Мухамед на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер).

Во САД, но и во другите земји, сѐ е поголем интересот кај модните дизајнери за пазарот со облека за муслиманки со хиџаб.

Спортска компанија со седиште во САД во март направи посебна колекција за спортистките со хиџаб. Во Италија, модна куќа минатата година за првпат подготви колекција за муслиманки кои се одлучиле да носат хиџаб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın