живот

Турција: Мачор тежок 7,5 килограми нема проблеми со дебелината

Семејство пред 11 години го пронашло мачорот на улица во Анкара, а со текот на времето тие забележале дека тој пораснал многу повеќе од другите видови на мачки

Deniz Açık  | 24.09.2017 - Обновена : 25.09.2017
Турција: Мачор тежок 7,5 килограми нема проблеми со дебелината Deniz Açık/АА

Eskisehir

ЕСКИШЕХИР (АА) - Кога брачната двојка Семих и Канан, кои живеат во турскиот град Ескишехир, го вдомиле мачорот Севкиј, не се ни посомневале дека станува збор за милениче кое во иднина ќе привлече многу внимание.

Имено, мачорот моментално е долг еден метар и тежи 7,5 килограми.

Семејството пред 11 години го пронашло мачорот на улица во Анкара, а со текот на времето тие забележале дека тој пораснал многу повеќе од другите видови на мачки.

Загрижени поради можното дебелеење, тие го однеле на ветеринар кој им рекол дека тоа е мачор мешавина од норвешка шумска мачка и анкарска мачка.

Покрај со големината, Шевки привлекува внимание и со гласот.

Семих Јурдакул вели дека неговата сопруга вдомувала мачки додека живеела во Анкара, но дека Севки бил нешто посебно.

„Беше многу поголем во однос на димензиите на некои обични мачки. Ветеринарот ни кажа дека е мешавина од норвешка шумска и анкарска мачка. Во моментов има 7,5 килограми. Нема никаков проблем со дебелината. Тој има големи шепи и широк труп“, рече Јурдакул, додавајќи дека луѓето со чудење го гледаат нивниот мачор.

„Тој е многу мирен и трпелив мачор. Сака да се дружи со луѓе и да спие“, додаде тој.

Сепак, нивниот миленик поседува одредено однесување кое е вообичаено за куче.

Според него, мачорот доаѓа кога ќе биде повикан, а заминува кога тоа ќе му се нареди.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın