Турција

„Вестите за договорот меѓу режимот и терористите на ПЈД/ЈПГ се дел од пропаганда“

Операцијата „Маслинова гранка“ ќе биде продолжена во согласност со планираното, без оглед на тоа што другите ќе направат, порача Ибрахим Калин, портпарол на Кабинетот на турскиот претседател

İlkay Güder  | 20.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
„Вестите за договорот меѓу режимот и терористите на ПЈД/ЈПГ се дел од пропаганда“

Ankara

АНКАРА (АА) - Ибрахим Калин, портпарол на Кабинетот на претседателот на Турција изјави дека е јасно оти вестите за афринскиот договор меѓу режимот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад и терористичката организација ПЈД/ЈПГ во јавноста се пуштени со пропагандна цел, и додаде дека тоа не значи дека не постои тајна и валкана трговија на сцената, јавува Anadolu Agency (AA).

„Операцијата „Маслинова гранка“ ќе биде продолжена во согласност со планираното, без оглед на тоа што другите ќе направат“, порача Калин преку Твитер.

Прорежимските сириски медиуми вчера објавија дека режимот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад и терористите на ПЈД/ЈПГ постигнале договор, според кој во Африн ќе бидат пратени прорежимски единици на таканаречената „народна одбрана“.

Станува збор за сириски пограничен регион во кој Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија од 20 јануари спроведуваат операција за неутрализација на терористичките елементи.

Операцијата се спроведува во согласност со турските права засновани на меѓународното право и разолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ЈПГ им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

Терористите на ПЈД/ЈПГ под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 80-тите години од минатиот век води терористичка кампања против Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.