Турција

Во тек на десетмесечната истрага за ФЕТО притворени се 50.136 лица

Меѓу уапсените се наоѓаат 2.431 судија и обвинител, 104 припадници на Високиот апелационен суд (Yargitay), 41 член на Државниот совет (Danıştay), двајца членови на Уставниот суд...

Kemal Karadağ  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Во тек на десетмесечната истрага за ФЕТО притворени се 50.136 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагите кои следеа по обидот за државен удар од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година во Турција, уапсени се 50.136 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Новинарот на АА од претставници на турското Министерство за правда дознава дека досега биле процесуирани вкупно 154.694 лица.

Меѓу уапсените се наоѓаат 2.431 судија и обвинител, 104 припадници на Високиот апелационен суд (Yargitay), 41 член на Државниот совет (Danıştay), двајца членови на Уставниот суд, тројца членови на Врховниот совет на судии и обвинители на Република Турција (HSYK).

Исто така, уапсени се 6.982 воени лица, од кои 167 генерали, 8.816 полицајци, 23 гувернери, 72 заменици-гувернери и 112 градоначалници на области и 31.550 цивили и државни службеници.

Покрај тоа, 45.708 лица се ослободени со мерка за забрана, а 12.753 се ослободени по процедурите во судството и во полицијата.

По извршената анализа на доказите ослободени се 7.430 лица, за кои претходно беше одреден притвор.

Моментално, приведени се 655 лица, а се трага по 7.112.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın