Турција

Ердоган: Детекторите за метал на влезот на Ал Акса се неприфатливи

Ердоган изјави дека се неприфатливи новите ограничувања кои Израел ги воведува на муслиманите за влез во џамијата Ал Акса во Ерусалим

Sibel Kurtoğlu  | 22.07.2017 - Обновена : 23.07.2017
Ердоган: Детекторите за метал на влезот на Ал Акса се неприфатливи

Istanbul

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се неприфатливи новите ограничувања кои Израел ги воведува на муслиманите за влез во џамијата Ал Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во источниот Ерусалим, кој од 1967. година е под израелска окупација, на 14. јули дојде до немил настан поради кој и ние изразивме жалење. Израел потоа ја затвори Ал Акса на три дена, и започна да воведува ограничувања за влез во оваа џамија, вклучувајќи ги и детекторите за метал. Такво нешто е неприфатливо", порача претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın