Турција

Апел на Ердоган до Ирачаните и до Сиријците: Не дозволувајте да бидете искористени

Во своето денешно обраќање по повод почетокот на новата академска година, турскиот претседател се осврна и на вчерашниот неуставен референдум во северен Ирак

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 26.09.2017 - Обновена : 27.09.2017
Апел на Ердоган до Ирачаните и до Сиријците: Не дозволувајте да бидете искористени

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со одржувањето на неуставниот референдум во северниот дел на Ирак, денес во Анкара порача дека доколку за оние што поттикнуваат поделба во регионот, поделбите и отцепувања претставуваат нешто добро, тоа нека го применат на својата територија и така да бидат пример за целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето денешно обраќање од претседателската палата во Анкара, по повод почетокот на новата академска година, Ердоган се осврна и на вчерашниот неуставен референдум во северниот дел на Ирак и потсети дека референдумот беше поддржан само од Израел.

„Доколку поделбата, отцепувањето и намалувањето значат нешто добро за оние што поттикнуваат поделби во нашиот регион, тоа нека го применат најпрво на својата територија и така да бидат пример за целиот свет. Не дозволувајте да бидете искористени. Не заборавајте дека оние што денес подбуцнуваат, утре ќе заминат, а ние ако даде Бог, ќе живееме заедно илјадници години. Не дозволувајте со денешната лакомост да ја уништите својата иднина. Нема да ве спаси тоа што таму се виори израелското знаме“, порача Ердоган.

Исто така, Ердоган истакна дека е невозможно референдумот да се прифати за легитимен.

„Доколку референдумот го спроведува Регионалната курдска управа во северен Ирак, единствено поддршка добива од Израел и ако ПКК слави додека гласовите уште не се ниту пребројани, тука нема ниту невиност, ниту легитимност. Како што се непознати самите услови во коишто е одржан референдумот, исто така се сомнителни и податоците за излезноста на истиот референдум. Бидејќи, целата таа работа е сомнителна“, изјави Ердоган, и додаде:

„Невозможно е за легитимен да се прифати референдумот којшто е одржан по процес со низа неправилности и беззаконија во регионите со мнозинско туркменско и арапско население, почнувајќи од уништувањето на податоците за попис на населението, па до присилните миграции“, изјави турскиот претседател Ердоган.

Кога станува збор за распишувањето на референдумот, Ердоган изјави дека лидерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак, Месуд Барзани, ја издал својата земја, со тоа што одлуката за референдумот ја донел без никакви претходни консултации со Турција.

„Искрено, ние не сметавме на можноста дека Барзани би можел да направи ваква грешка, но очиледно е дека згрешивме. Во време кога нашите односи беа најдобри во историјата, донесувањето на ваквата одлука, без какви било консултации и разговори пред тоа, на отворен начин за нас претставува предавство“, порача Ердоган.

Тој, исто така, додаде дека претставниците на Регионалната курдска управа во северен Ирак не знаат што е политика, ниту како се станува држава. „Косово го признаа 114 земји, но Косово, за жал, во светот сѐ уште не стана држава, сѐ уште има проблеми. Северен Ирак, што ќе постигнеш со еден Израел? Тие (курдските официјални лица) и не знаат што е тоа политика, ниту како се станува држава. Мислат дека е доволно да се каже ние го направивме референдумот и готово е. Нема да може, ниту е тоа можно“, порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.