Турција

Ердоган-Путин: „Важно е да се зачува суверенитетот и интегритетот на Ирак и Сирија“

Лидерите на Турција и на Русија, Ердоган и Путин, во телефонскиот разговор се согласија в четврток да се состанат во Анкара и детално да дискутираат за ситуацијата во регионот.

Çiğdem Alyanak  | 25.09.2017 - Обновена : 25.09.2017
Ердоган-Путин: „Важно е да се зачува суверенитетот и интегритетот на Ирак и Сирија“

Istanbul

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес разговараше со својот руски колега, Владимир Путин, за спорниот и неуставен референдум што Курдската регионална управа го организира во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на телефонскиот разговор, Ердоган и Путин изразија согласност за важноста за зачувување на суверенитетот и интегритетот на Ирак и на Сирија, соопшти за АА неименуван извор од канцеларијата на турскиот претседател.

Лидерите на двете земји во телефонскиот разговор се согласија в четврток да се состанат во Анкара и детално да дискутираат за ситуацијата во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın