Турција

Ердоган: „Сѐ додека трае заканата од нив, невозможно е да се повлечеме“

„Не успеаја да нѐ вратат од патот на 15. јули со авионите Ф-16 и со воените хелихоптери, зарем сега ќе нѐ вратат овие со прости транспаренти“

Ali Eyvaz  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Ердоган: „Сѐ додека трае заканата од нив, невозможно е да се повлечеме“

Ankara

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган говореше на митингот што се одржа на плоштадот „Република“ во турскиот град Самсун, јавува Anadolu Agency (AA).

Во врска со митингот што во Швајцарија го одржаа поддржувачите на сепаратистичката терористичка организација ПКК, турскиот претсдател Ердоган на насобраните луѓе им се обрати со зборовите:

„Не успеаја да нѐ вратат од патот на 15. јули со авионите Ф-16 и со воените хелихоптери, зарем сега ќе нѐ вратат овие со прости транспаренти. Вашата неучтивост ќе ви остане како црна дамка на вашите досиеја, а покрај тоа, ние не се заблагодаруваме за заканите. Наводно, Швајцарија отворила истрага во врска со ова. Сѐ се случи пред очите на швајцарската држава, влада и полиција. Се случи под нивната полициска заштита. Овие демонстрации не се случија на врвот од Алпите, туку пред швајцарскиот Парламент. Ве молам, оставете ги тие работи, кого го лажете?“

„Во Газиантеп убија 56 наши чеда, ги убија нашите браќа. Рековме: ‘Нема веќе трпение’ и влеговме во Џaрабулус, а потоа влеговме и во Раи. Моментално ги поминавме Дабик и Ал Баб. Исчистени се од ДЕАШ, ги расчистуваме и ПЈД, ЈПГ. Моментално сме во Мунбич. Продолжуваат нашите средби и разговори со коалициските сили, САД и Русија. Затоа велиме дека сѐ додека трае заканата од нив, невозможно е да се повлечеме“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın