Турција

Ердоган утре во посета на Русија, тројна средба за Сирија

На Самитот што ќе се одржи во Сочи, ќе се направи процена на напредокот во намалувањето на насилството во Сирија, активностите за намалување на тензиите во подрачјата и борбата против терористичките елементи во Сирија

İlkay Güder  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Ердоган утре во посета на Русија, тројна средба за Сирија

Ankara

АНКАРА (АА) - На Самитот што ќе се одржи во Сочи, ќе се направи процена на напредокот во намалувањето на насилството во Сирија, активностите за намалување на тензиите во подрачјата и борбата против терористичките елементи во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Прес-центарот на Претседателството на Турција соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган утре ќе замине во Сочи, како гостин на претседателот на Русија, Владимир Путин.

За време на престојот во Сочи, претседателите на Турција, Русија и на Иран – Ердоган, Путин и Хасан Рухани ќе одржат тројна средба на темата „Сирија“.

На самитот ќе биде разгледан напредокот од постигнатиот договор во Астана за намалување на насилството во Сирија, ќе стане збор за активностите за намалување на тензиите во утврдените зони и за борбата против терористичките елементи во Сирија.

На самитот ќе се разговара за прашања кои се однесуваат на испорака на хуманитарна помош за Сирија, како и за придонесот што можат да го дадат трите земји-гаранти во процесот во Женева, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност број 2254 на Советот за безбедност на ОН за политичко решение на конфликтот во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın