свет

Од почетокот на војната во Сирија животот го загубија над 26.000 деца

Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека повеќе од 26.446 деца го загубија животот во нападите извршени во Сирија, почнувајќи од март 2011 година досега

Adham Kako  | 21.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
Од почетокот на војната во Сирија животот го загубија над 26.000 деца

Ankara

АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека повеќе од 26.446 деца го загубија животот во нападите извршени во Сирија, почнувајќи од март 2011 година досега, од кои поголемиот дел беа извршени од страна на режимот, пренесува Anadolu Agency (AA).

СНХР објави извештај за прекршувањето на детските права во Сирија.

Во извештајот се наведува дека од почетокот на граѓанската војна, во март 2011 година, Сирија се наоѓа на првото место во светот во прекршувањето на детските права.

Според извештајот, од почетокот на војната во 2011, во нападите изведени од страна на режиот на Асад и неговите поддржувачи, животот го загубиле најмалку 21.631 дете.

Од септември 2015 година, Русија почна со воздушна поддршка на сирискиот режим. Во овие воздушни напади од страна на Русија, животот го загубија најмалку 1.529 деца.

Во извештајот се наведува и дека во повремените напади и егзекуции од страна на ДЕАШ, животот го загубиле најмалку 711 деца. Во нападите што коалициските меѓународни сили ги спроведоа во борбата против ДЕАШ, од септември 2014 година досега, животот го загубија најмалку 723 деца.

Во извештајот се истакнува дека терористичката организација ПКК/ПЈД е виновна за смртта на најмалку 127 деца, а киднапирала 503 деца.

Според овој извештај, во борбите на претставниците на вооружената опозиција и вооружените групи против режимот, животот го загубија најмалку 1.024 деца.

Најмалку 701 дете, според извештајот се жртви на напади од непознати групи.

- Не можат да се школуваат 3,2 милиони деца -

Во извештајот се наведува дека најголема жртва на граѓанската војна во Сирија се децата. Поради војната што од 2011 година наваму се води во Сирија, околу 1.378 училишта и градинки се затворени и 3,2 милиони деца не можат да се школуваат.

Според извештајот, во нападите од страна на режимот на Асад, урнати се најмалку 1.147 училишта и градинки, а по вклучувањето на Русија, урнати се уште најмалку 144 училишта.

Според извештајот, терористичката организација ДЕАШ извршила напад на најмалку 19 училишта со возила-бомби, додека меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, од 23 септември 2014 година досега бомбардирала најмалку 23 училишта.

Во извештајот се наведува дека вооружената опозиција оштетила најмалку 24 училишта и градинки, а како последица на напади чиј извршител е непознат, оштетени се најмалку 21 уличиште и градинка.

Како што се истакнува во извештајот, децата кои не одат на училиште рано започнуваат да работат.

- Вооружување на децата -

Во извештајот на мрежата се проценува дека едно од најголемите прекршувања на правата на децата е нивното вооружување од страна на силите на режимот и од терористичката организација ПКК/ПЈД.

„Користејќи ја лошата материјална состојба на семејствата, силите на режимот ги вооружуваат децата што наполниле 14 години. По загубите што ги претрпи режимот, локалните милиции лојални на режимот во своите редови започнаа да ги мобилизираат децата помлади од 18 години. Според нашите процени, во редовите на локалните милиции има најмалку 349 деца“, се наведува во извештајот.

Во делот за препораки во извештајот, до меѓународната заедница и до Обединетите нации (ОН) се упатува повик за заштита на децата и се бара режимот на Асад да ја прекине опсадата за да се овозможи достава на хуманитарна помош.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.