свет

Околу 40.000 учесници на трка во Брисел, меѓу кои и премиерот

Делницата од 20 километри ја трчаа околу 40.000 лица од 126 земји. Меѓу учесниците беше и премиерот на Белгија, Шарл Мишел

Dursun Aydemir  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Околу 40.000 учесници на трка во Брисел, меѓу кои и премиерот Dursun Aydemir/АА

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - На 38. трка во Брисел во категоријата за мажи победи Кениецот Дејвид Мару, а во категоријата за жени Белгијката Софи Харди, јавува Anadolu Agency (AA).

Делницата од 20 километри ја трчаа околу 40.000 лица од 126 земји. Меѓу учесниците беше и премиерот на Белгија Шарл Мишел.

На Мару за првото место му беше доволно време од еден час и 37 секунди, а на Харди еден час, 13 минути и 37 секунди.

Екипите за итна помош им укажаа помош на многу лица кои се жалеа на грчеви, повреди и замор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın