Турција

Операција „Маслинова гранка“: Неутрализирани вкупно 1.715 терористи

Генералштабот на турската Војска соопшти дека турските сили извршиле воздушна и копнена операција со цел неутрализирање на терористите припадници на терористичките организации ЈПГ/ПКК-ДЕАШ

Ali Kemal Akan  | 20.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Операција „Маслинова гранка“: Неутрализирани вкупно 1.715 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа вкупно 1.715 терористи на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералштабот на турската Војска соопшти дека турските сили извршиле воздушна и копнена операција со цел неутрализирање на терористите припадници на терористичките организации ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın