политика

Абас најави замрзнување на сите контакти со Израел

Абас ова го соопшти синоќа за време на состанокот со високите палестински функционери, со кои разговараше за се посериозната ескалација на ситуацијата околу џамијата Ал Акса

Nilay Kar  | 22.07.2017 - Обновена : 23.07.2017
Абас најави замрзнување на сите контакти со Израел

Israel

ЕРУСАЛИМ (AA) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека палестинското раководство ќе ги замрзне сите контакти со Израел на сите нивоа до остранување на детектори од метал на влезовите од џамијата Ал-Акса, пренесува Anadolu Agency (AA).

Абас ова го соопшти синоќа за време на состанокот со високите палестински функционери, со кои разговараше за се посериозната ескалација на ситуацијата околу џамијата Ал Акса.

Тројца Палестинци се убиени, а стотици се повредени во петок кога израелските безбедносни сили интервенираа во текот на протестите на Палестинците поради неодамна поставените безбедносни ограничувања на влезовите на џамијата Ал-Акса, поточно детектори од метал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın