политика

Започна кампањата за Локалните избори 2017

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведат на 3.480 избирачки места, во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври

Ivana Ramadanova  | 25.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Започна кампањата за Локалните избори 2017

Skopje

СКОПЈЕ (AА) - Дваесетдневната изборна кампања по повод локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври годинава, официјално започнува денес, јавува Anadolu Agency (AA).

Сите политички партии, коалиции и независни кандидати што ќе учествуваат на локалните избори, треба да ја завршат кампањата за првиот изборен круг на 13 октомври, во 24 часот.

Редоследот на листите со кандидати за градоначалници и советници деновиве беше утврден по пат на жрепка, којашто се одржа во Државната изборна комисија.

Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП, трета ДУИ, четврта Коалицијата за Битола - ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, петта Коалицијата Заедно за Гази Баба, предводена од БЕСА, шеста НДМ, седма ВМРО-ДПМНЕ, осма Народно движење на Турците, деветта Алијанса на Албанците, 10. е ТМРО, 11. е Демократската парттија на Турците, ГРОМ е 12., Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 13., БЕСА е 14., ДПА е 15., Левица е 16., ПДП е 17., Сојузот на Роми е 18., а СДСМ е 19. Листите со кандидати за членови на Советот и листите со кандидати за градоначалник кои се поднесени од ист подносител ќе имаат ист реден број во сите општини.

Во општината каде што нема свој претставник, соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител, без да се остави празно место.

Во текот на вчерашниот ден, кандидатите за градоначаници имаа можност да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, со којшто се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на РМ, дека ќе се придржуваат до овој Кодекс и активно ќе го промовираат, оти ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на РМ коишто се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведат на 3.480 избирачки места, во 80 општини и во Градот Скопје.

Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. Вториот круг од изборите е закажан за две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври, во 24 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.