политика

Минхен: Јилдирим се состана со Меркел

Претходно е соопштено дека темите на состанокот би можеле да бидат нелегалните миграции, борбата против тероризмот и билатералната соработка

Sinan Uslu  | 18.02.2017 - Обновена : 18.02.2017
Минхен: Јилдирим се состана со Меркел

Schleswig-Holstein

МИНХЕН (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим во Германија се состана со канцеларката на таа земја Ангела Меркел и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, јавува Anadolu Agency (AA).

Состанокот Јилдирим-Меркел зад затворени врати во Минхен, каде се одржува 53. Меѓународна конференција за безбедност траеше нешто помалку од еден час.

Претходно е соопштено дека темите на состанокот би можеле да бидат нелегалните миграции, борбата против тероризмот и билатералната соработка.

Меѓу членовите на делегацијата од Турција кои присуствуваа на состанокот се турскиот министер за ЕУ и главнио преговарач Омер Челик, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за спорт и малди Акиф Чагатај Килич и министерот за одбрана Фикри Ишик и амбасадорот на Турција во Берлин Али Кемал Ајдин.

Јилдирим потоа се состана со Алиев, а на состанокот освен спомнатите министри и амбасадорот присуствуваа и советникот за безбедност при турското Министерство за надворешни работи Умит Јалчин и шефот на службата за разузнавање Хакан Фидан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.