политика

Москва: Иванов се состана со рускиот претседател Путин

„Шефовите на државите разговараа за ситуацијата на Балканот, понатамошниот развој на билатералната соработка и разменија мислења за важни регионални теми", се вели во соопштението на Кремљ

Elena Teslova  | 24.05.2017 - Обновена : 25.05.2017
Москва: Иванов се состана со рускиот претседател Путин (Фото: Кабинет на претседателот на Македонија)

Moskova

МОСКВА (АА) - Во Москва се одржа средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (AA).

„Шефовите на државите разговараа за ситуацијата на Балканот, понатамошниот развој на билатералната соработка и разменија мислења за важни регионални теми", се вели во соопштението на Кремљ по средбата на двајвата претседатели.

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска престојува во работна посета на Русија.

Претседателот Иванов е одликуван со наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори" за 2016 година, која му е врачена од Патријархот на Руската православна црква, Кирил на свечена церемонија во храмот „Христос Спасител" во Москва.

Наградата ја доделува Меѓународната општествена Фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.