политика

Поранешниот шеф на ЦИА Бренан: Трам ги вовлече САД во криза, Конгресот треба да го запре

Поранешниот шеф на ЦИА наведува дека Трамп со своите поставки ја вовлекол земјата во криза и истакнува дека е непромислен фактот што Трамп ги омаловажува проценките на разузавачките агенции во врска со Русија

Kasım İleri  | 22.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Поранешниот шеф на ЦИА Бренан: Трам ги вовлече САД во криза, Конгресот треба да го запре

Washington DC

ВАШИНГТОН (AA) - Поранешниот шеф на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан упати критики на сметка на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, кажувајќи дека неговата администрација земјата ја вовлекла во криза, јавува Anadolu Agency (AA).

Бренан заедно со поранешниот директор на националните разузнавачки служби Џејмс Клапер гостуваше на Форумот на безбедност во Аспен, во сојузната држава Колорадо.

Тој се осврна на истрагата која се однесува на вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД и рече дека специјалниот обвинител Роберт Милер е одличен избор за оваа истрага.

Нагласи дека Милер мора да го одбие секое неуставно барање на Трамп, а во врска со тврдењата дека обвинителот би можел да биде сменет, Бренан рече:

„Во случај Трамп да го смени Милер јас се надевам дека членовите на Конгресот ќе речат ‘доста’ и дека ќе престанат да изнесуваат различни причини и изговори кои отворено ги кршат нашите закони и државниот систем".

Како што рече, доколку администрацијата нема што да крие тогаш е потребно истрагата во врска со Русија да се заврши што поскоро, а барањата за смена на Милер би требало да ги осудат и функционерите.

Поранешниот шеф на ЦИА понатаму наведува дека „Трамп со своите постапки ја вовлекол земјата во криза" и истакнува дека е срамен фактот што Трамп ги омаловажува проценките на разузавачките агенции во врска со Русија.

„Не разбирам како Трамп мисли со ваква политика да постигне САД да биде сигурна земја. Отворено кажувам, постои јасна загриженост дека постои голема разлика помеѓу реалното и она што Трамп го зборува", порача Бренан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın