политика

Средба Чавушоглу-Попоски во Минхен

Од дипломатски извори се дознава дека на средбата Чавушоглу-Попоски, се разговарало за односите меѓу двете земји

Erkan Avci  | 18.02.2017 - Обновена : 19.02.2017
Средба Чавушоглу-Попоски во Минхен

Schleswig-Holstein

МИНХЕН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој пристигна во Минхен за да учествува на 53. Меѓународна конференција за безбедност, одржа неколку билатерални средби со своите колеги од другите земји, меѓу кои се сретна и со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, јавува Anadolu Agency (AA).

Од дипломатски извори се дознава дека на средбата Чавушоглу-Попоски, се разговарало за односите меѓу двете земји.

Пред средбата со македонскиот министер Попоски, министерот Чавушоглу се сретнал со министерот за надворешни работи и министер за образование и култура на Лихтенштајн, Аурелиа Фрик. Министрите на билатералната средба разговарале за регионални прашања.

Подоцна министерот Чавушоглу остварил билатерална средба и со Шефот на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, Норберт Ретген.

По средбата со Ретген, турскиот министер Чавушоглу се сретна со Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за бегалци, Филипо Гранди. На средбата станало збор за чекорите кои е потребно да ги направи меѓународната заедница по прашањето на бегалците. На средбата, Комесарот на ОН Гранди упатил пофални зборови за состојбата на бегалците во Турција.

Турскиот министер Чавушоглу ќе продолжи со остварување на билатералните односи во рамките на конференцијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.