свет

„Air China“ ги прекина летовите кон С. Кореја поради незадоволителното работење

Вработен од службата за односи со јавноста на „Air China“ (Ер Кина), информира дека летовите се привремено прекинати поради незадоволителното деловно работење

Ekipa  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
„Air China“ ги прекина летовите кон С. Кореја поради незадоволителното работење

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Националната кинеска авиокомпанија „Air China“ ги прекина летовите меѓу Пекинг и Северна Кореја, поради слабиот интерес на патниците, со што се продлабочи изолацијата на северниот дел на Корејскиот Полуостров, кој е под тешки санкции на ОН поради нуклеарните тестирања и нејзината ракетна програма, јавува Anadolu Agency (AA).

Вработен од службата за односи со јавноста на „Air China“ (Ер Кина), информира дека летовите се привремено прекинати поради незадоволителното деловно работење. Тој додаде дека последниот лет е остварен во понеделникот, вчера, и оти не знае кога линијата ќе продолжи да функционира.

Пекинг ги поддржа санкциите на ОН, кои вклучуваат притисок врз Владата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за да го прекине развојот на нуклеарната и ракетната технологија, но се противи на мерките што би можеле да им наштетат на граѓаните на Северна Кореја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın