свет

Западен брег: За време на протестот уапсен 21 Палестинец

Тројца Палестинци беа убиени, а стотици други беа повредени во петокот во источен Ерусалим, кој е под окупација од страна на израелските сили, соопштија палестински официјални лица од здравството

Leila Thabti, Zeynep Tüfekçi  | 22.07.2017 - Обновена : 23.07.2017
Западен брег: За време на протестот уапсен 21 Палестинец

Ramallah

РАМАЛАХ (АА) - Во текот на вчерашниот протест кој се одржа на Западниот Брег, поради неодамнешното поставување на безбедносни ограничувања на пристапните места до џамијата Ал-Акса, беше уапсен 21 Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Здружението на палестински затвореници изјавија дека за време на вчерашниот протест израелските сили уапсиле 21 Палестинец.

Тројца Палестинци беа убиени, а стотици други беа повредени во петокот во источен Ерусалим, кој е под окупација од страна на израелските сили, соопштија палестински официјални лица од здравството.

Израелските безбедносни сили во понеделникот, по четири дена ја укинаа забраната за влез во стариот град на Источен Ерусалим, но силните тензии во регионот сеуште постојат.

За време на интервенцијата на израелската полиција во последните неколку дена беа повредени стотици Палестинци, а некои од нив се во критична состојба.

Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петокот до понеделникот, а израелските сили во неделата и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал.

Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплексот, а молитвите ги извршуваат пред самиот објект.

Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата.

Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın