свет

Затворска казна за членови на ФЕТО во Туркменистан

Повеќето осуденици се дипломирани студенти на образовните институции поврзани со ФЕТО, а меѓу нив има и бизнисмени поврзани со терористичката организација

Ekip  | 21.07.2017 - Обновена : 23.07.2017
Затворска казна за членови на ФЕТО во Туркменистан

Aşkabat

AШКАБАТ (АА) - Во јули оваа година, најмалку 40 припадници на терористичката организација ФЕТО се осудени на затворска казна во времетраење од 10 до 25 години, од страна на судовите во Туркменистан, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што објавија локалните извори, повеќето осуденици се дипломирани студенти на образовните институции поврзани со ФЕТО, а меѓу нив има и бизнисмени поврзани со терористичката организација.

На осудените членови на ФЕТО им е запленет и имотот.

Судовите во Туркменистан минатата година обработија 150 случаи во врска со ФЕТО, а во февруари оваа година на затворска казна беа осудени 18 припадници на терористичката организација предводена од Фетула Ѓулен.

Терористичката организација ФЕТО стои зад обидот за државен удар на 15 јули минатата година во Турција, во кој загинаа повеќе од 240, а беа повредени околу 2.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.