свет

Мајк Пенс: САД нема да дозволи Иран да ја загрозува регионалната стабилност

Пенс и Абади разговараа и за продолжување на американско-ирачката соработка, со посебен акцент на соработката во областа на одбраната и економијата

Hakan Çopur  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Мајк Пенс: САД нема да дозволи Иран да ја загрозува регионалната стабилност

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс порача дека Вашингтон нема да му дозволи на Иран да ја загрозува безбедноста и стабилноста во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

На маргините на 53. Конференција за безбедност во Минхен, американскиот потпретседател Пенс имаше одделна средба со премиерот на Ирак Хајдар ал-Абади, и со претседателот на Курдската регионална влада на северен Ирак, Месут Барзани.

Во соопштението од Белата куќа се истакнува дека Пенс за време на состанокот со Абади ги пофалил напорите и напредокот на здружените ирачки сили во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

„Потпретседателот Пенс нагласи дека нема да дозволиме Иран да биде закана за безбедноста на нашите сојузници, вклучувајќи го и Ирак, и да ја загрозува стабилноста на тој регион“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Пенс и Абади разговараа и за продолжување на американско-ирачката соработка, со посебен акцент на соработката во областа на одбраната и економијата.

Американскиот попретседател Пенс во Минхен се состана со водачот на Курдската самоуправа во северниот дел на Ирак, Барзани, и во таа пригода нагласи колку е важно курдските власти во Ербил да ја продолжат конструктивната соработка со ирачката влада во Багдад.

„САД ќе продолжат со целосната поддршка на единствениот, федерален и демократски Ирак“, заклучи Пенс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın