свет

Меркел: Поминаа времињата кога ЕУ во целост можеше да смета на другите

„Поминаа времињата кога во целост можевме да сметаме на другите. Го почувствував тоа во изминатите неколку дена”, изјави Меркел за време на предизборниот собир во Баварија

Ekipa  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Меркел: Поминаа времињата кога ЕУ во целост можеше да смета на другите

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика земјите-членки на ЕУ да се обединат во соочувањето со голем број предизвици и со неизвесноста кога се во прашање односите со САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Поминаа времињата кога во целост можевме да сметаме на другите. Го почуствував тоа во изминатите неколку денови”, изјави Меркел за време на предизборниот собир во Баварија.

Нејзините коментари следуваа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е потребно уште време за да одлучи дали САД ќе го поддржи или ќе го напушти меѓународниот договор за климатските промени.

Меркел вчера одржаните разговори со лидерите на седумте најзначајни индустриски земји на светот Г-7 за климатските промени ги оцени како незадоволителни.

Германските медиуми пренесуваат дека Меркел за време на разговорите ја истакнала потребата за пријателски односи со САД, Велика Британија и со Русија, но додаде дека европјаните мора да ја земат судбината во свои раце.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın