свет

На Бали евакуирани 75.000 луѓе поради страв од вулканска ерупција

Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека евакуацијата на населението се проширила на повеќе од 370 локации на островот, а бројот на евакуираните продолжува да расте

Ekipa  | 26.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
На Бали евакуирани 75.000 луѓе поради страв од вулканска ерупција

Bali

БАЛИ (АА) - Повеќе од 75.000 луѓе ја напуштија областа околу вулканот Aгунг на индонезискиот остров Бали, од страв дека може да дојде до ерупција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека евакуацијата на населението се проширила на повеќе од 370 локации на островот, а бројот на евакуираните продолжува да расте.

Евакуираните жители се сместени во привремени засолништа во сите делови на островот, а многумина заминаа на соседниот остров Ломбок.

Вулканот Aгунг претставува сѐ поголема закана, а поради интензивната сеизмичка активност, надлежните агенции минатата недела прогласија највисок степен на тревога во регионот.

Експертите предупредуваат дека вулканот во секое време може да еруптира, а целта на превентивната евакуација е да се спречат трагедии како онаа што се случи во 1963 година, кога загинаа најмалку 1.100 луѓе.

- Вануату: 6.000 жители евакуирани поради страв од вулканска ерупција -

Повеќе од 6.000 луѓе ги напуштија своите домови откако вулканот Maнаро, на северниот остров во државата Вануату во Тихиот Океан, почна да исфрла пепел.

Вулканот Mанаро на островот Aмбае е активен од 2005 година, но неговите последни сеизмички активности предизвикаа страв од голема ерупција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın