свет

Нигерија: Бројот на загинатите во нападот на џамијата се искачи на 50

Портпаролот на полицијата, Осман Ебубекир, соопшти дека сѐ уште се обидуваат да го утврдат бројот на повредените, бидејќи голем број луѓе се хоспитализирани во неколку болници

Ekip  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Нигерија: Бројот на загинатите во нападот на џамијата се искачи на 50

Maiduguri

МАИДУГУРИ (АА) - Бројот на жртвите во самоубиствениот напад на џамија во источна Нигерија се искачи на 50, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на полицијата, Осман Ебубекир, соопшти дека сѐ уште се обидуваат да го утврдат бројот на повредените, бидејќи голем број луѓе се хоспитализирани во неколку болници.

Нападот беше извршен во 5:20 по локално време, по утринската молитва сабах-намаз на џамија во источната провинција Адамава, поточно во регионот Муби, од страна на момче на возраст од околу 17 години.

Иако никој не ја презеде одговорноста за нападот, се претпоставува дека зад него стои терористичката организација Боко Харам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın