свет

Почина кучето што помина 12 години на гробот од сопственикот

Аргентинецот Мигел Гусман беше погребан во 2006 година, а денеска почина и неговото куче Капетан, кое оттогаш не се одалечуваше од неговиот гроб

Muhammed Emin Canik  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Почина кучето што помина 12 години на гробот од сопственикот

Ankara
АНКАРА (АА) - Во Аргентина почина кучето што изминатите 12 години не се оддалечуваше од гробот на неговиот сопственик, јавува Anadolu Agency (AA).

Гробарите во аргентинскиот град Виља Карлос Пас го пронајдоа починато кучето Капетан на гробот на Мигел Гусман.

Емотивната приказна за односот помеѓу кучето и неговиот сопственик беше хит во аргентинските медиуми пред 12 години.

Сопственикот на кучето беше погребан во 2006 година на гробиштата што се неколку километри од неговиот дом.

Кратко потоа, Капетан избегал од семејниот дом, а неколку дена подоцна бил пронајден на гробиштата.

Гробарите го хранеа во изминатите 12 години, а еден од нив, Ектор Бакага, претходно на новинарите им кажа дека Капетан не им се приближувал на другите гробови, туку лежел само покрај гробот на неговиот поранешен сопственик.

Гробарите, исто така, тврдат дека кучето повремено одело во блиската шума и секогаш се враќало на гробот, и дека никогаш не вршело нужда на гробиштата, ниту ги вознемирувало другите посетители.

Сличен случај на емотивна врска меѓу куче и починат сопственик беше забележан далечната 1924 година во Јапонија.

Кучето Хачико, по смртта на неговиот сопственик, секојдневно одело на метро-станицата на која претходно го чекало сопственикот да се врати од работа. Таа приказна беше инспирација за познатиот филм „Хачико - приказна за едно куче“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın