свет

Путин и Рухани договорија продолжување на соработката за решавање на сириската криза

Канцеларијата за односи со јавноста на Кремљ соопшти дека Путин телефонски разговарал со иранскиот колега Рухани и притоа му честитал на повторниот избор на функцијата претседател

Elvir Hocic  | 28.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Путин и Рухани договорија продолжување на соработката за решавање на сириската криза

Moskva

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател, Хасан Рухани, се согласни за неопходноста од интензивирање на заедничките напори во правец на прекин на војната и воспоставување на мирот во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Канцеларијата за односи со јавноста на Кремљ ,соопшти дека Путин телефонски разговарал со иранскиот колега Рухани и притоа му честитал за повторниот избор на функцијата претседател на Иран.

Путин и Рухани ја потврдија одлучноста во процесот на интензивирање на билатералната соработка и во спроведувањето на договорите за време на мартовската посета на Рухани на Русија. Во тој контекст е истакната особената важност на договорот за трговија, енергетскиот сектор и мирновременската употреба на нуклеарната енергија.

„За време на дискусијата за состојбата во Сирија, Путин и Рухани изразија согласност за неопходноста од продолжувањето на заедничките напори во правец на прекин на војната и воспоствување мир во Сирија. Особено е важно да се продолжи мировниот процес врз основа на мапата на патот која е креирана за време на преговорите во Астана и имплементираниот договор за воспоставување на 'зони без судири' во Сирија”, се наведува во соопштението на Кремљ.

Претседателските избори во Иран се одржаа на 19 мај, а со освоени 57 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Рухани се избори за уште еден мандат на чело на државата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın