свет

Роберт Мугабе поднесе оставка на место на претседател на Зимбабве

Роберт Мугабе официјално поднесе оставка на место на претседател на Зимбабве

Ekip  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Роберт Мугабе поднесе оставка на место на претседател на Зимбабве

Ankara

ХАРАРЕ (АА) - Роберт Мугабе официјално поднесе оставка на место на претседател на Зимбабве, јавува Anadolu Agency (AA).

Мугабе поднесе оставка кратко откако парламентот покрена процес на оповикување за да се заврши неговото речиси 40.годишно владеење во таа африканска земја.

Претседателот на Националното собрание, Јакоб Нуденда, изјави дека Мугабе поднел писмена оставка.

„Во согласност со Уставот на Зимбабве поднесувам оставка која стапува на сила веднаш“, се наведува во писмо кое Мугабе го упати на Националното собрание.

Во градовите ширум Зимбабве граѓаните започнаа со славење откако претседателот на Националното собрание Муденда ја соопшти оставката на Мугабе и го суспендираше процесот на оповикување.

Потсетуваме, партијата на власт ZANU-PF одлучи да ја покрене процедурата на соборување на шефот на државата кој упорно ги одбиваше повиците на оставка по воениот удар во ноќта меѓу 14 и 15 ноември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.