свет

САД разочарани од одлуката на Курдската регионална управа за референдумот

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, истакна дека референдумот дополнително ќе ја продлабочи нестабилноста и потешкотиите со кои се соочуваат народите во тој регион

Muhammed Bilal Kenasari  | 26.09.2017 - Обновена : 27.09.2017
САД разочарани од одлуката на Курдската регионална управа за референдумот АА/Архива

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) се разочарани од едностраната одлука на Курдската регионална управа во северен Ирак за спроведување на спорниот референдум, кој ја нема поддршката на меѓународната заедница, пренесува Anadolu Agency (AA).

Истакнувајќи дека САД нема да дозволи спорниот и нелегален референдум да ги загрози традиционално добрите односи со народите во северниот дел на Ирак, Нојерт во писменото соопштение наведува дека референдумот дополнително ќе ја продлабочи нестабилноста и потешкотиите со кои се соочуваат народите во тој регион.

Во соопштението се нагласува дека САД поддржуваат единствен, федерален, демократски и просперитетен Ирак, и се подготвени да помогнат во реформите на Уставот со цел да се задоволат потребите на народот во Ирак.

Исто така се наведува дека одлуката за референдумот е опасна бидејќи ќе ги загрози односите на Регионалната курдска управа со владата на Ирак и со соседните земји.

„Борбата против терористичката организација ДЕАШ во тој регион и понатаму трае, и можно е радикалните групи да се обидат да ја злоупотребат актуелната ситуација во Ирак“, порача Нојерт.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın