свет

Телефонски разговор Путин-Трамп: Да се сочува територијалниот интегритет на Сирија

Двајцата лидери разговарале за утрешниот состанок на официјалните лица на Русија, Турција и Иран во Сочи, каде ќе се разговара за сириската криза

Emre Gürkan Abay  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
Телефонски разговор Путин-Трамп: Да се сочува територијалниот интегритет на Сирија

Moskva

МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараа за голем број теми, вклучувајќи ги Сирија, Иран, Северна Кореја, Авганистан и Украина, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Кремљ се наведува дека двајцата лидери разговарале и за утрешниот состанок на официјалните лица на Русија, Турција и Иран во Сочи, каде ќе разговараат за сириската криза.

Тие се согласија дека е важно да се сочува територијалниот интегритет на Сирија како и независноста и суверенитетот на таа земја.

Меѓу останатото, нагласија дека во светот е сè поприсутна опасноста од тероризмот и трговијата со дрога.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.