свет

Трамп: Медиумите станаа голем дел од проблемот

Американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида одржа митинг, за првпат по доагањето на чело на државата, на којшто говореше за она што е направено во изминатиот месец и ги критикуваше медиумите

Hakan Çopur  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Трамп: Медиумите станаа голем дел од проблемот

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп на митингот во Флорида изјави дека медиумите станале голем дел од проблемот и истовремено дел од корумпираниот систем, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп во Мелбурн, во сојузната американска држава Флорида, одржа митинг за првпат откако дојде на чело на државата на 20. јануари. На митингот говореше за она што е направено во изминатиот месец и ги критикуваше медиумите.

Новиот американски претседател заедно со сопругата Меланија се обрати пред неколку илјади граѓани. Зборуваше за активностите на полето на економијата во изминатиот месец и критикуваше одредени медиумски куќи кои не сакаше да ги именува.

Трамп изјави дека отсекогаш постоела борба со медиумите и дека понекогаш вистината се разликува од она што е наведено во вестите. Тој истакна дека нема да дозволи лагите на медиумите да поминат неказнето.

Американскиот претседател тврди дека одредени медиуми пренесуваат лажни вести и дека тие имаат сопствена агенда која не се совпаѓа агендата на американскиот народ.

Тој, зборувајќи за економските одлуки, изјави дека станува збор за одлуки кои ќе донесат благосостојба на народот, и за пример го зеде процесот на повлекување од Транспацифичкиот договор за слободна трговија (TPP).

Трамп се осврна и на одлуката за забрана за влез на државјаните од седум земји во кои во поголем дел живее муслиманско население, и за нејзината суспензија.

Во таа пригода тој истакна дека наскоро ќе преземе уште еден сличен чекор за да ги заштити американските граници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın