свет

Њујорк: 35 повредени во експлозии во фабрика за козметика

Меѓу 30 и 35 лица се повредени во две експлозии кои се случија во фабрика за козметика во Њујорк, а меѓу повредените се и седум пожарникари

Ekipa  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Њујорк: 35 повредени во експлозии во фабрика за козметика

New York

ЊУЈОРК (АА) - Меѓу 30 и 35 лица се повредени во две експлозии кои се случија во фабрика за козметика во Њујорк, а меѓу повредените се и седум пожарникари, наведоа официјалните лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Првата експлозија се случила вчера околу 10:15 часот по локално време во меѓународната фабрика за козметика „Verla“ (Верла) недалеку од подрачјето на градот Њујорк.

Пожарникарите кои го гасеа пожарот се наоѓаа во зградата во моментот на втората експлозија во 10:40 часот.

Двајца пожарникари се префрлени на Одделот за изгореници во Медицинскиот центар Вестчестер, но никој од нив не е животно загрозен, наведоа локалните официјални лица.

Сѐ уште нема информации за причините за пожарот кој пожарникарните екипи се обидуваа да го локализираат до доцна во ноќта.

Од споменатата козметичка компанија сѐ уште не се огласија по повод експлозиите.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın