свет

Џиновски дијамант продаден за 53 милиони долари

Дијамантот беше пронајден во ноември 2015 година, во африканската држава Боцвана, од страна на компанијата „Lucara Diamond“. На дијамантот му беше дадено името „Lesedi La Rona“, кое на локалниот цвана јазик значи „нашата светлина“

Dildar Baykan  | 26.09.2017 - Обновена : 27.09.2017
Џиновски дијамант продаден за 53 милиони долари

Ankara

АНКАРА (АА) - За цена од 53 милиони долари е продаден џиновскиот дијамант „Lesedi La Rona (Нашата светлина)“, кој познат како втор по големина дијамант во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста на „CNN“ (Си-ен-ен), британската компанија за накит „Graff Diamonds“, за цена од 53 милиони долари стана новиот сопственик на џиновскиот дијамант од 109 карати, со големина на тениско топче.

Овој дијамант минатата година беше дел од аукцијата во Лондон, на којашто беше претставен за цена од 70 милиони долари, но не се најде купувач.

Дијамантот беше пронајден во ноември 2015 година, во африканската држава Боцвана, од страна на компанијата „Lucara Diamond“. На дијамантот му беше дадено името „Lesedi La Rona“, кое на локалниот цвана јазик значи „нашата светлина“.

Дијамантот од 109 карати, кој настанал пред 3 милијарди години, е познат како втор по големина дијамант на светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın