спорт

Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец на историјата на НБА Плеј-офс

Леброн Џејмс, ѕвездата на Кливленд кавалирс, екипа од Американската кошаркарска лига (НБА), стана најдобар стрелец во историјата на НБА Плеј-офс

Selçuk Acar  | 26.05.2017 - Обновена : 27.05.2017
Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец на историјата на НБА Плеј-офс

New York

ЊУЈОРК (АА) - Леброн Џејмс, ѕвездата на Кливленд кавалирс, екипа од Американската кошаркарска лига (НБА), стана најдобар стрелец во историјата на НБА Плеј-офс, јавува Anadolu Agency (AA).

Минатогодишниот шампион Кливленд кавалирс победи на петтиот натпревар против Бостон селтикс, во финалето на Источната конференција, со резултат 135 : 102. Леброн Џејмс, ѕвездата на Кливленд кавалирс, кој со постигнатиот резултат го обезбеди своето место во финалето, стана најдобар стрелец во историјата на НБА Плеј-офс.

Леброн Џејмс постигна 29 поени во дуелот со Бостон селтикс, со што постигна 5.989 поени во НБА Плеј-офс. Тој успеа да го собори рекордот на Мајкл Џордан, кој го носеше епитетот најдобар стрелец на НБА Плеј-офс, со постигнати 5.987 поени.

Џордан овој рекорд го постигна со поените во дресот на Чикаго булс, на дуелот со Јута џез во 1998 година.

Со постигнати 39 поени на натпреварот против Торонто рапторс, кој се одигра во почетокот на овој месец, Џејмс го собори рекордот на легендарниот кошаркар Керим Абдул Џабар, кој има постигнато 5.762 поена.

Леброн Џејмс го освои епитетот најдобар стрелец на 212. натпревар во НБА Плеј-офс, додека Мајкл Џордан се здобил со оваа титула на неговиот 179. натпревар.

Првиот дуел на финалната серија ќе се одигра на 1 јуни, меѓу победникот на Источната конференција, Кливленд кавалирс, и победникот на Западната конференција, Голден стејт вориорс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.