спорт

Лука Модриќ ја доби Реаловата десетка

Низ историјата на клубот, кој е рекордер со 12 титули во Лигата на шампионите, бројот 10, меѓу останатите го носеле Луис Фиго, Ференк Пушкаш, Робињо, Месут Озил, Мишел Лудруп, Кларен Седорф ...

Dejan Maksimoviç  | 22.07.2017 - Обновена : 23.07.2017
Лука Модриќ ја доби Реаловата десетка

Madrid

МАДРИД (AA) - Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ доби големо признание, бидејќи во наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид со бројот 10, јавува Anadolu Agency (AA).

„Кралскиот" клуб денеска ја објави новата листа на играчи за наредната сезона во која Модриќ ќе го носи бројот 10, број којшто обично го носат најдобрите креативци во средината од теренот.

Минатата сезона дресот со број 10 го носеше Колумбиецот Џејмс Родригез, кој замина на двогодишна позајмница во Баерн Минхен. Низ историјата на клубот, кој е рекордер со 12 титули во Лигата на шампионите, бројот 10, меѓу останатите го носеле Луис Фиго, Ференк Пушкаш, Робињо, Месут Озил, Мишел Лудруп, Кларен Седорф ...

Модриќ нема да биде првиот Хрват кому Реал му ја укажал честа да биде неговата десетка. Пред него, тоа задоволство го имаше Роберт Просинечки, кој го носеше белиот дрес од 1991 до 1994 година.

Модриќ во Реал дојде во 2012 година од англискиот Тотенхем. Од тогаш за мадридскиот клуб одигра 214 натпревари и постигна 11 голови. Ист број голови постигна и во дресот на репрезентацијата на Хрватска, каде е капитен. Во репрезентативниот дрес Модриќ настани 95 пати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.